Што договориле Сашо Мијалков и Зоран Заев? Ова прашање го поставува јавноста по тридневното сценарио со наводното бегство на Мијалков и неговото појавување кое „сосема случајно“ беше фатено од камерите на ТВ24. Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа изјави дека Заев ја покажува неговата нервоза, бидејќи се договорил нешто со Сашо Мијалков, а тоа нешто било ставено под знак прашалник, дали ќе се реализира и дали Сашо Милајков ќе остане доследен на неговиот дел од договорот, додавајќи дека токму поради тоа беше направен притисок врз Мијалков, за да ја исполни својата страна од договорот.

Јас ќе ве вратам на една аудио снимка којашто ја објави Антонијо Милошоски во Собранието на која што се слуша онаа снимка трас трас со Врховниот суд. Таму, ако се сеќавате, Заран Заев објаснуваше како тој ќе се договорел со Јован Вангеловски, завршена работа, трас трас, и толку, Таа снимка, сум имал можност свиркач да ми ја допрераскаже, и се вели понатаму во снимката ‘Ќе се договориме и со Сашо ќе ја завршме работатат и со Јово’. Таа снимка е направена 2015/16 мислам, објавена беше лани во Собранието од собраниска говорница, еден дел, другиот дел не е објавен и денес гледаме дека тоа што тигаш било снимено и договорено денес се реализира. Имено, Јово Вангеловски, бившиот претседтел на Врховниот суд денес беше ослободен од обвинение, односно обвинителството одлучи да не поведува кривична постапка протов Јово Вангеловски за оној предмет дека криел предмети и намерно ги застарувал, ги ставал во фиокоа. Од тоа е ослободен, од таа одговорност, ама Сашо Мијалков го немаше.

Митовски појасни дека ова всушност е извор на нервозата, Заев ја исполнил својата страна од договорот, а Мијалков, наместо да го заврши својот дел, избега.

„И тука настанува нервозата. Од една страна веројатно Заев го исполнил својот дел од договорот, а од друга страна Сашо Мијалков не го исполнува својот дел од одговорот, бега надвор од државата и пробува да преговара подобра позиција“, додаде Митовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.