Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски покрена барање за прекршочна постапка за Тетовскиот Универзитет и за ректорот Вулнет Амети. Барање до Основниот суд во Тетово, за поведување прекршочна постапка против Државниот тетовски универзитет и неговиот ректор, вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски упати поради непочитување на неговите решенија за укинување на незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ и поради непојавување на претставниците од универзитетот на закажаното порамнување, денеска.

Денеска беше закажано во 10 часот да дојдат. Истите не дојдоа и јас направив записник за порамнување, бидејќи не се тука и барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Тетово. Понатаму, ќе поднесам, исто така и кривична пријава и до ЈО и до другите институции, надлежни за овие состојби кои се случуваат на Тетовскиот универзитет – рече Илиевски на средбата со новинарите.

Инспекторот се жали и на нетранспарентност во процесот. Откако второстепената комисија одлучи дека тој не бил во право, Илиевски нема увид во нивниот втор надзор за унапредувањата.

Случајот со незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ го разгледува и Антикорупциската комисија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.