Потписникот на капитулантскиот Преспански договор и редовниот коректор на секој што нема да ја спомене „Северна“, Зоран Заев, за време на посетата на Прилеп даваше изјава за медиумите пред банер на „Стопанска комора на Македонија“.

Од „Алфа“ упатија прашање до Владата дали има нешто спорно во потегот на екс-премиерот и дали како поранешен претседател на Влада, има морална одговорност и обврска да избегнува вакви ситуации, кои можеби би предизвикале реакции од јужниот сосед. Досега одговор не добиле.

За потсетување, за истиот овој потег беше разрешена министерката за турд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.