Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција во медија центарот во Владата.

Во овие две години колку што е директор, Дончев одбива да дава отчет пред јавноста за она што се работи во ФЗО, па прес-коференциите што ги има одржано може да се избројат на една рака.

Новинарите во неколку наврати побараа став од него за скандалот кој го обелодени новинарот Бранко Героски, а во кој е вмешан Дончев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, но тој не беше расположен за да одговори.

И на последниот брифинг со новинарите одби да даде изјава во камера, но не заборави неосновано да ги обвини оти дел од информациите што биле објавени не биле вистинити, а на дел од прашањата одговараше со „А што ве интересира вас тоа? Вие треба да ги информирате граѓаните за новините, а не да прашувате за постапките што се водат во позадина на проектите“, пишува Алфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.