Ќе направат сè да ги продолжат забраните за групирање и нормализација барем до декември, вели актерот и активист Сашо Тасевски, додавајќи дека дотогаш сакаат да го завршат планот за велепредавство на македонскиот народ, а сигурни се дека ќе им се случи УЛИЦА, штом го сторат тоа.

Затоа како знаат, мора епидемијата да ја продолжат со сите забрани. За да ги задржат луѓето дома. Затоа не им се брза за набавката на вакцини.
Не филозофирам за тоа дали вакцините се со чип или без. Штетни или не. Вакцинирањето на сите ќе значи враќање на слободата на движење, а оние во СДС-Пазарџик, токму тоа не го сакаат.
Затоа вакцинацијата кај нас ќе трае до другата година. Сакаат да беснееме дома и на „Фејсбук“ кога ќе распродадат и јазик и историја и народ, а не на улица.
Имаат и план за брутална пресметка во случај да се случи народ на улица додека забраната е на сила.
Тоа е истата онаа партија која се галеше со сите нас за да дојде на власт. Која ветуваше мир, правда, живот. Која беше против цензури и полициски бруталности. Ама сега друго гледаат.
Сега цензурираат и се свртеа против својот народ. И ќе го тепаат ако треба, штом излезе на улица, вели Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.