По денешниот протестен марш во прилеп на фејсбук се обрати лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој напиша:
Македонија браќа и сестри ја започнува својата битка, не е ова крајот за Македонија. Македонија ја има во библијата и таму нема договор што може да ја избрише. И таму ќе остане запишано името Македонија, нашиот аманет е тоа име да го чуваме и гордо да го изговараме сега и во иднина, а на нашите потомци да им го предаваме од колено на колено.
Нас во историјата како нација и како држава не покорувале многу освојувачи, многу војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш како нација сме се реорганизрале и сме застанувале пред нив и сме ја извојувале нашата слобода за да ја градиме нашата држава Македонија!
Зората браќа и сестри ќе дојде за секој еден од нас, ќе ја донесеме зората, а зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин!
Да ни е жива и здрава и вековита Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.