Потпретседателот на ДУИ и шефот на изборниот штаб за поддршка на Стево Пендаровски, Изет Меџити на денешната прес-конференција порача дека во вториот круг ќе испорачаат 80.000 гласови за заедничкиот кандидат Пендаровски.

ДУИ силно ја поддржува кандидатурата на Пендаровски бидејќи Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој се залага за интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, Охридскиот Договор и јазичната рамноправност, а истовремено гледа партнерство во Вашингтон. Албанците не се навикнати во првиот круг да гласаат за Македонец, но затоа во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови за Пендаровски, изјави Меџити.

Меџити додаде и дека останувањето дома на 5 мај го загрозува членството во НАТО, го загрозува датумот за преговори со ЕУ, го загрозува пријателството со Вашингтон и Брисел, и конечно ги загрозува јазичната рамноправност и Охридскиот Договор.

Ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај пред граѓаните утре на собир во Филхармонија ќе ги објасни и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.