Комисијата за разни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи дали ќе има попуштање на мерките и дали барањата на угостителите ќе се прифатат.

Oд Независната угостителска комора бараат повеќе да не се ограничува нивното работно време, да се дозволи жива музика, повеќе лица на маса, но и организирање поголеми прослави според одредени протоколи.

Министерот Венко Филипче пак смета дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.