Началници без налог за приведување апсат службени лица во присуство на претставници на Единицата за брзо распределување. Излегува ли на виделина вистината за помпезното приведување на полицајците во Куклица?

Откако на почетокот на месецот се појави информација дека се уапсени полицајци кои наводно биле приведени поради тоа што и покрај забавата за групирање правеле забава во селото Куклица, свиркачи до нашата редакција испратија плик со усб на кое ја има снимката од приведувањето на службените лица. Тогаш беше пуштена информација дека биле околу петнаесетина граѓани, од кои половина биле полицајци, дека правеле забава и дека морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.

МВР пак излезе со соопштение дека седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против коронавирусот.

– Околу 21 часот по пријава во полиција дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19. Веднаш се преземени мерки и известен е јавен обвинител по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во селото Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност. Тие биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Со оглед дека снимката, која според она што може да се види, е службено видео, снимено од самата полиција, не кореспондира со она што се објави во јавност и што беше испратено како информација од МВР, Република, по пртеходна консултација со адвокати, реши да ја објави. Сметаме дека се работи за снимка која е од јавен интерес, на кое се гледа полициското самоволие, несоодветниот третман и работа, приведување без налог за апсење и криење информации од јавноста. Јавноста има право да ја знае вистината.

На снимката се гледа како полицијата, предводена од началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ и началникот на одделение на полицијата во СВР Куманово, Игор, влегуваат на приватен имот, односно во двор на куќа. Тие се придружувани и од претставници на ЕБР. Од куќата излегува сопственикот, кој е полицаец и му се обраќа на началникот. Кажува дека внатре се шест луѓе, тој е седмиот. Откако се соопштува дека треба да бидат спроведени, присутните полицајци кои се облечени во цивилна облека, излегуваат.

Има насоки од јавен обвинител да бидете приведени – коментираат командирите, без притоа да ја посочат причината.

– Нема никаков проблем, само сакаме да знаеме за што сме приведени – коментираат лицата кои треба да бидат приведени на кои не им е дозволено да повикаат адвокат додека не бидат однесени во полициска станица.

Инсистирајќи да добијат основ за приведување, одговорот од началникот после кратко молчење е:

Ќе ви кажат колеги од економски отсег…

Приведените бараат налог, но полицијата не поседува налог за апсење. Во дел од снимката, некаде после 17 минута, еден од полицајците кои треба и да бидат приведени се обраќа на камерата, која според неговите кажувања е службена, запрашува:

Сакам да прашам во кое својство Игор началникот на унформа на СВР Куманово снимаше со личен приватен мобилен телефон полициски службеници во цивилка, дали за некои партиски цели и некакви интереси, не ми е јасно. Мислам дека вистината ќе победе – на крај тој нагласува дека ќе бара одговорност доколку приватната снимка се појави било каде.

Она што останува нејасно е што бара ЕБР при приведување на полицајци, кои лишењето од слобода не даваат никаков отпор. Освен причина и налог за ваквата акција.
ЕБР постапува при воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации, спровод на лица барани со локални и меѓународни потерници, анти-терористички акции и сите останати подфати од висок ризик, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, давање асистенции на сите институции во Р.М. и пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи.

Дали полицајците во цивилка собрани кај еден од нив се од висок ризик, дали тие се дел од терористичка акција, дали демонстрираа или пак се барани по потерница?! Доколку не, а судејќи по видеото дефинитивно не, ќе се бара ли одговорност од директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски за ваквата акција? Која е причината за вакво спектакуларно приведување со припадници на ЕБР, на кои, како што може да се види во видеото, им е непријатно што се присутни и што треба да ги приведуваат своите колеги кои не даваат отпор?

Која причината што никој не може да им објасни основ за приведување? Ќе понесе ли одговорност началникот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Стојанче Величковиќ за спроведување на анкција за приведување од приватен имот без налог за апсење? Ќој ќе ја понесе одговорноста за ваквото самоволие, кршење на човекови права, злоупотреба на институции? Ќе има ли одговорност и за началникот Игор за снимање со приватен мобилен телефон?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.