Нема лага која до сега ја ширеше СДСМ, а да не им се врати како бумеранг, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев додавајќи дека секоја една невистина им се распрсна како меур од сапуница.

И ние оставаме да видиме до каде ќе оди ова лудило, да видиме до кога самите ќе тонат во жив песок. Шака криминалци ни ја водат државата и мислат дека раководат со судбините на луѓето. Па, мислат дека нивните злодела нема да се дознаат. Не би одел со детали, но секојневно ни пристигнуваат информации за афери, сведоштва на луѓе за притисоци и закани, за корупција во сите ешалони. И тоа со документи, факти, лични сведоштва, вели Јанушев во интервјуто за „Вечер прес“.

Додава дека ќе објават сè што имаат и дека мудро ќе ги искористат информациите што ги поседуваат.

„Рекет“ има продолженија, но со ова Обвинителство тие не може да имаат правен епилог. Се случи „Рекет 2“, еве да прашам до каде е тој случај, нема информација дека ОЈО воопшто отворило истрага за тој предмет. Имаме афера „Вирус“, каде што човек со име и презиме признава дека од Агенцијата за лекови бил пратен да бара мито за да се тргува извесен лек. И не само што нема истрага, нема ниту институционална реакција. И верувам дека нема да има само „Рекет 2“, туку и „Рекет 3“, и останати продолженија од кои јавноста ќе биде зграната за степенот на забеганост на власта и нејзиниот степен на лукративност и криминализираност. И овие афери нема да бидат исти како владините лажни вести туку вистински реални скандали, додава Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.