По информациите кои одекнаа во јавност дека радарскиот систем на скопскиот аеродром извесен период бил нефункционален и вчерашното излизгување на товарниот воз кај Куманово ги запали социјалните мрежи.
Во продолжение прочитајте ги најинтересните твитови…
– Папата слетал во Македонија со неисправен радарски систем на Скопскиот Аеродром”
– Абе со векови врз Папата се кроени дијаболични планови за ликвидација… никој не успеал, али затоа Гоце од Мак Навигација ќе го потепал ко комарец јер у моментот му функционирал само ТЕТРИСОТ!
– “При слетувањето на Папата во Скопје не работел основниот радар на аеродромот”…со Господ напред нема гајле не дигајте паники
– Македонскиот воз на пат кон ЕУ
– Возот (од времето на ЈУ) излизгал од пругата (исто од времето на ЈУ), небото небезбедно заради лични интереси на одговорните, автопатишта со тумби, кучиња, без соодветна сигнализација, коли возат во спротивен правец итн. Страв да ти е да патуваш во МК. Идам да си купам магаре.
За потсетување, основниот радарски систем на скопскиот аеродром не функционирал кога утрото на 7-ми мај папата Франциск слета во Македонија, објави „Телма“.
Како што добро информирани извори тврдат за Телма, во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.
Во скопската кула на летање може да се потпрат само на еден исправен радар што контролира и полетување и и слетување, и контролорите многу често се потпираат на радарот на кулата кој е најстар и веќе треба да се расходува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.