Според Милошоски, заминувањето на Фрчкоски во Њујорк би било спротивно на сите дипломатски правила.

Спротивно на Фрчкоски вчера, Милошоски вели изнесувањето тези од страна на амбасадорите пред Комисијата е законска обврска.

Инаку, обраќање на идните амбасадори пред Собранието е предвидено со членот 39 од Законот за надворешни работи

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски вчера во одговор за Канал 5 порачаа дека „изнесувањето на тези“ иако е редовна пракса, не е законска обврска и поради тоа работата на Комисија не треба да се попречува. Нелогичност во блокирањето на Комисијата нотираше и претседателот на Собранието, Талат Џафери кој смета дека е неопходно да се направат измени во Деловникот со цел да се спречат застои во работата на Собранието особено во вакви случаи кога постапката е повеќе формална бидејќи по обраќање на амбасадорите нема гласање или било каква одлука од страна на пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.