Здравствената состојба на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева е стабилна и не е променета откако таа е влезена во притвор, велат од затворската управа во Шутка oткако нејзината адвокатка, Фрчкоска излезе со тврдење дека нејзината состојба е влошена, особено психичката.

Нарушувањето на здравјето, заедно со префрлањето на предметите во редовното обвинителство, се очкува да бидат главните аргументи на одбраната, која веќе до судот поднела барање за укинување на мерката притвор.

Основите поради кои се бара укинување на мерката притвор е дека таа практично повеќе не е на нејзината функција специјален јавен обвинител. Во таа смисла не може ниту претпоставено да влијае ниту на предметите кои ги водеше СЈО ниту на сведоците односно обвинителите кои беа нејзини помошници во СЈО. Дополнително и основнот дека е разрешена и од јавен обвинител во Гевгелија оди во прилог на овој наш наод, изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на Јанева.

Одбраната ќе бара укинување на притворот со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Според анкетниот лист од Антикорупциска, Јанева пријавила дека поседува земјоделско земјиште, куќа и плац во Гевгелија и во околината и два стана во Скопје кои се водат на име на нејзините две деца, синот и ќерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.