Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија.

Шолц пред пратениците во Бундестагот потсети дека шест земји од Западен Балкан имаат аспирации за членство во ЕУ и тоа веќе се во повеќегодишен реформски процес.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратешки интереси“, рече Шолц укажувајќи на влијанието на „надворешни сили“ врз регионот, вклучително и Русија.

Германија е еден од најгласните поддржувачи на Македонија да почне преговори но при тоа нагласува дека мора да се најде решение на спорот со Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.