Како што објави последниот број на неделникот Фокус, во изборната трка за скопски градоначалник размислува да се вклучи Софија Куновска, која порано беше републичка пратеничка и советничка во Градот, а извесен период ја водеше и скопската организација на СДСМ.

Потенцијалната кандидатура на Куновска се поврзува и со советничка листа, на која би се нашле и членови од владејачката партија што се незадоволни од начиот како се води партијата и се практикува власта.

Куновска засега не открива дали овие информации се шпелукација, но остава простор да се потврдат.

Кога ќе биде време, ќе ви се обратам, благодарам за интересот, вели таа за Фокус.

За истата позиција амбиции има и Бени Шаќири, кој, според неофицијални информации на Фокус, остварил и одредени разговори со претставници на неколку политички партии за поддршка на неговата кандидатура.

И поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за скопски градоначалник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.