Владата ќе ја одржи 113. редовна седница, на која ќе го разгледа Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска.

Како што соопшти владината прес-служба, на дневен ред на седницата се повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

Владината седница ќе почне во 12 часот, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде информирана со соопштение по нејзиното завршување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.