Веќе два месеци Обвинителството молчи дали премиерот Зоран Заев ќе биде повикан на разговор, по тврдењето на турскиот нарко бос Седат Пекер, кој во Македонија има пасош со лажен идентитет, дека бил гостин неговиот дом. Телевизија Алфа повторнопобарала одговор дали премиерот е повикан или можеби планираат да го повикаат, но одговор нема. Според многумина Заев би морал да биде повикан на разговор, ако се знае дека Пекер во видео порака кажа дека бил во неговиот дом.

-Јас сум Седат Пекер, го познавам премиерот на Македонија, му бев на гости дома, сите други партиски лидери ги познавам. Добив депортирање поради 3 дена прекршување, тоа не можам да го прифатам, вели Пекер.

Името на Седат Пекер стана актуелно во Македонија откако опозицијата го откри скандалот „Мафија“, за давање на пасоши со лажен идентитет на светски познати криминалци и нарко босови. А тој заврши само со пресуди за обични службеници од пасошкото одделение во МВР, без ниту едно поголемо име. Премиерот не сакаше премногу да говори за тврдењата на Пекер, но ги оправда средбите на неговите коалициони партнери со турскиот криминалец, велејќи не можеле да знаат дека станува збор за лице со криминално досие.

-Апсолутно никој не можел да знае дали некој е осомничен за нешто, дали некој позадински работел на некакви нелегални пасоши или слично и апсолутно не гледам никаква вина во тоа. Јас сум запознаен дури и кој од колегите од партнерите партии имале средба, на негово барање низ чаршијата или на други места. Но, апсолутно никој не може да каже дека некој има вина поради тоа, заради тоа што нормално е кога некој ќе побара средба, е некој да ја закаже средбата, изјави Заев на осми април.

Иако ставот на голем број експерти е дека по сите објавени информации истрагата требала да биде проширена од страна на Обвинителството, досега од такво нешто нема ништо.

 

Седат Пекер откри дека гостувал во домот на Заев: Го знам македонскиот лидер, сум бил дома кај премиерот – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.