Откако денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека за секој разговор и т.н „бомби“ кои ќе се појават во јавноста мора да се постпаува и оти селективност не смее да има, се поставув прашањето дали тоа ќе го побара и за неговиот шеф Зоран Заев.

Токму Заев деновиве е главен актер  во две „бомби“ чија содржина плаче тој да биде повикан од институциите да даде изјава.

Вчера беше објавенен разговор меѓу контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ кој тврди дека на Зоран Заев му дал 300.000 евра пред референдумот за името.

Никој од споменатите во снимката, Зоран Заев, Зоран Милевски-Кичеец, ниту пак Драги Рашковски не ја коментира содржината на разговорор. Заев вчера се обиде да изглуми дека со разговори меѓу трети лица и него да го инволвираат.

А она што го кажа бизнименот Дака не е воопшто наивно. Заев се крие дека добил 300.000 евра и дали можеби со црни пари финансирал кампања или можеби и вршел поткуп?!.

Сето ова Заев го правел од позиција на премиер. Во тој период, кога се подготуваше референдумот за името со кој требаше да биде потврден Договорот од Преспа, Заев ја обвинуваше опозицијата за некакво руско влијание.

Денешната снимка со Заев пак е уште поскандалозна. Тој во разговор со непознат соговорник се фали дека „ќе соберел и шарени, и шуто и рогато и после “мамата ќе им ја е.ел на цела коалиција“.

Шарена револуција има 4,8 посто, ако не сум и сам 4.8.На прашањето што ако тие се формираат како партија Заев одговара: Jас го регистрирав тоа, шарена ќе е колаицијата кога ќе излеземе. Се ќе соберам на куп, и шуто и рогато.Ма..мето ќе им го ебам после на сите што ќе влезат кај мене у коалиција-се заканува Заев во новата бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.