Ќе биде ли потпретседателката на Собранието Фросина Ременски толку храбра како „шарениот Павле“, кој си поднесе оставка од пратеничката функција откако излезе во јавност снимката на која нарачува „полче“?

Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски е осомничена во случајот „Рекет“, кој се проширува на Меѓународниот сојуз, во кој таа, која го познаваше Боки 13 од телевизија, беше почесен претседател.

Како што се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство, „едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“.

Кога осомничената Ременски му се восхитуваше на другарот Павле за храброста, на Фејсбук напиша:

Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто. Павле не негираше снимка и негов глас во стилот “сечено, лепено, монтирано” и имаше храброст да се пријави во полиција и во Обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија.

Од Ременски се очекува да покаже на дело дека она што го пишувала пред пет месеци не се празни зборови, дека таа самата не е лажен моралист и не дели лекции по етика, туку самата ги почитува етичките и моралните начела, длабоко верува во нив и е подготвена, како и Павле, да признае и да понесе одговорност.

Искрено, дека ќе покаже толкава морална големина обесхрабрува нејзината изјава дека со Боки 13 не се позјава, но оставаме дека чуда се возможни и ѝ даваме шанса да се подобри.

Ќе си даде ли Фросина Ременски оставка како „одговорнен и праведен човек, спремен да се жртвува за да заштити вредност, живот и цел“ како што тоа го направи Павле? Ќе биде ли толку храбра? Фросина Ременски покрај тоа што денеска е потпретседател на Собранието, пратеник на СДСМ исто така таа е и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија, функцијата која и беше дадена 12 ноември 2015 година. Искуството на политичката сцена и функциите кои сега ги извршува бараат од Ременски таа по соопштението од ЈО да „оддржи лекција“!

И Заев ѝ сврте грб на Ременски, тој изјави дека таа ќе биде времено отстранета од партијата.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, велат од Обвинителството за улогата на Ременски во случајот „Рекет“ во кој што Јовановски успеал да земе повеќе од 1,4 милиони евра од двајца бизнисмени, плус 1,5 милион евра од Орце Камчев.

Сите осомничени денеска треба да бидат донесени на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинителството за осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на Меѓународниот сојуз, бара притвор, додека за останатите само одземање на пасошот како мерка на претпазливост.

Ременски пред околу еден месец беше на распит во Обвинителство, но тогаш демантираше дека има било каква врска со незаконските активности, а велеше дека Јовановски го познава само од телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.