Вработувањата во ЕЛЕМ на роднини и блиски на партиски и државни функционери не сопираат. Овојпат и таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

Поповски бил ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.

Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови. Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек, изјави Кирацовски за ТВ 24.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.