Поранешниот генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски не ја напушта старата практика да им се закнува на медиумите кои од неговата маленкост не прават величина.

Осамна уште еден ден во кој пратеникот Кирацовски преку Фејсбук јавно им се заканува на новинари со тужби. И овојпат „Република“ е жртва што тој нема три чисти да му се спротивстави со аргументи на сограѓанинот Душко Илиевски – Млекарот.

Уште кога Кирацовски на Фејсбук најави дека ќе нè тужи за клевета, истиот овој Душко Илиевски го повика да го тужи него, а да ги остави медумите на мир. Се создава впечаток дека не може пратеникот Кирацовски да удри по магарето, па удира по самарот. Еве, повторно ве охрабруваме, пратенику, – побарајте извинување од Душко Млекарот или појако – тужете го!

Чекор по чекор, ќе не биде!

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија ја прифати мојата жалба упатена кон интернет порталот „Република“ и укажа на прекршување на членовите 1 и 3 од Кодексот на новинарите на Македонија, за објавената содржина преземена од Фејсбук профилот на лице пребегнато од Македонија во СР Германија, поради низа кривични дела и напад на полициски службеник, кое во континуитет со намера шири лажни информации.

Очигледна е тенденцијата за неосновано и намерно нанесување на штета на угледот и честа која преку вакви одлуки (како на комисијата) постепено се сузбива. Сепак постапката ќе продолжи на Суд, каде целосно ќе биде расчистена целата фама околу лажните вести и конструкциите.

Борбата против лажните вести и низата инсинуации кои секојдневно се шират во јавноста за повеќе истакнати личности, продолжува засилено, а вистината ќе излезе на виделина, како впрочем и секогаш, пишува Кирацовски на Фејсбук, понесен од најавената борба на власта со порталите, небаре се работи за вонземјани.

На крајот, да потсетиме, пратенику, сè уште ве чекаме да нè почестите со вашето присуство и да поразговараме за сите теми за кои сте повеќе од популарен во изминатиов период. Секако, без цензура, зашто добро знаете колкаво е влијанието на Република врз јавното мислење во Република Македонија и колку далеку може ќе се слушне вашата вистина. На крајот, сепак, за вистината се работи, нели, Кирацовски?

Но, ако е страв во прашање, се гледаме на суд. Ние од вистината не бегаме и со боринче ќе ја бараме и со вас на суд ќе се соочиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.