Генералниот секретар и шеф на изборен штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека сите негови роднини кои биле на некаков начин предмет на Анткорупциска, ќе си дадат отказ на своите работни места.

Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука. Презедовме одговорност, пред граѓаните, да ги менуваме работите, да го менуваме системот. Нашата обврска ја исполнуваме само со конкретни чекори. Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агнеција за времени вработувања.
Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања, напиша Кирацовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.