Душан Илиевски, попознат како Душко Млекарот, објави стара „Вибер“ порака од пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

После овие глупости што ги тресиш гледам дека или не ме познаваш доволно, или си будала, или уште пушиш од марихуаната што ја садеше во редови…Матарка една, пишува во неа.

Илиевски прашува дали ова е мисли Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Кирацовски на информативен разговор.

Навреда од страна на Кирацовски! Дали функционерот кое е пратеник и бивши генерален секретар Александар Кирацовски може да испраќа пораки со навреди и клевети против мене? Дали Јавното обвинителство по допрен глас ќе го повика Кирацовски на информативен разговор? Или јас да му спремам приватна тужба…За Кирацовски законите не важат!, пишува Илиевски.


Кирацовски неколкупати се закани со тужби за клевета до „Република“ за пренесените статуси од Душко Млекарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.