Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ вели дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувал рекет од бизнисмени заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец.

Коки? Па веројатно Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш ‘Кого препознаваш во Кики’ и тоа мене јасно ми алудира. Дај Боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај, како што личи. Инаку ова мене ми личи на инсинуација со одредена намера, вели Кирацовски во изјава за „А1он“, додавајќи дека причините за инсинуација се долги и широки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.