Пратеникот Александар Кирацовски вели дека тој не се препознава во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кое се вели дека истрагата „Рекет“ се проширува за уште четири нови лица меѓу кои и еден функционер.

Не сметам дека се однесува на мене, никој не ми се јавил, ниту ми кажал нешто, изјави Кирацовски за „Фокус“.

Тој беше еден од функционерите кој беше повикан во Обвинителството за да даде исказ за истрагата за „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.