Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ на прес-конференција по затварањето на гласачките места рече дека Република Македонија денес имала скандинавски избори кои поминале во исклучително мирна атмосфера. Кирацовски им се заблагодари на граѓаните и им честиташе за денешниот мирен изборен ден.

Денешните избори поминаа во исклучително мирна атмосфера. Имавме скандинавски избори кои и доликуваат на нашата земја. Им честитаме на сите граѓани кои на достоинствен и демократски начин го искористија своето право на глас. Денешниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Изборите беа Мирни, фер и регуларни. Им благодарам на институциите кои овозможија изборите да поминат во најдобар ред. Им благодарам на граѓаните кои во голем број го искористија своето право на глас. Очекуваме првите неофицијални резултати да го прогласат Стево Пендаровски за победник во првиот круг. Да избереме претседател на кристално чисти избори кој што обединува и води напред, рече на прес-конференција Кирацовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.