Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, денеска пред новинарите сам си постави прашање, па потоа си  одговори и искоментира:

„Мој предлог за нов координатор на пратеничката група е Јордан Митревски. И бидејќи е мој предлог и ќе биде“, рече Кирацовски, на заминување од прес конференцијата кога камерите беа исклучени.

Кирацовски е и пратеник и претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, и важи за влијателен човек во партијата.

Како што пренесува порталот „А1он“, според нивни информрации,  ниту вработување или избор не минува без одобрување од Кирацовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.