Министерството за здравство вечерва соопшти дека кинеските вакцини „Синофарм“ наместо во 5 часот изутрина, ќе пристигнат два часа подоцна, односно во 7 часот.

Во земјава треба се очекуваат вкупно 200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директни преговори со производителот.

По тој повод, пред поликлиниката „Јане Сандански“ најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.