Пекинг сака да му помогне на македонскиот народ што побрзо да се вакцинира, а кинеските интитуциите се подготвени за комуникација со македонските, одговориле од кинеската амбасада за ТВ 24.

„Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, со што покажа доверба во Кина. Кинеската страна придава големо значење на македонската потреба за вакцини и ги поддржува релевантните претпријатија да комуницираат со владата на Македонија за набавка на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Македонија на вакцините против ковид-19 и да и помага во нејзината домашна(локална) борба против пандемијата“, истакнале од амбасадата на Република Кина во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.