Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се огласи на Фејсбук по објавата на Никола Груевски.

Таа напиша:

Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото.

Но, се чини километрите не направиле никакви промени во ставовите на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој откако ја слушна одлуката на Судот со која му беа пресудени 2 години затвор, пред самиот суд изјави дека нема да ги поддржи уставните измени и како пратеник нема да гласа за нив. Тоа и го стори.

Нема да ги поддржам уставните измени. Нема да го изневерам народот, народот си го кажа своето, ова го изјави експремиерот Никола Груевски запрашан од новинарите дали има шанси тој да се спаси од извршување на затворска казна ако гласа во Собранието, со оглед на тоа што се во тек разговори за двотретинско мнозинство.

Ниту како пратеник, ниту како премиер, Груевски не прифати промени на уставното име на земјата, како и промени на идентитетот. Она што го говореше низ годините го говори и денеска. Се забележува козинстентноста и постојаноста во неговите ставови, што не е случај со некои негови соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.