Кики и Фрики шетаат слободни, а на сите ни е јасно дека директивите ги добивале од Илинденска бб, пишува во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ испратено до средствата за јавно информирање.

Од партијата констатираат дека истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса, па наместо брза разрешница и истрага која ќе дојде главата на криминалниот октопод, Рускоска и Јовески прават се за да ја заштита криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев.

Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот Рекет. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а впрочем целата јавност е свесна дека тие се фасцилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска б.б.

Аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално – рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани. Време е да се стави крај на трговијата со правдата, време е да се стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Македонските граѓани заслужуваат подобро. Македонија не смее, не може и нема да биде заложник на криминалецот Заев. Казната за криминалот на власта пристигнува на следните избори, а потоа секој оној кој што се огрешил пред законот како и оние кои го амнестираат криминалот ќе одговараат, пишува во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.