Зоран Милески-Кичеец првиот осуден кој во случајот „Рекет” призна вина и доби затворска казна од три години на прашање за ТВ 24, потврди дека денеска ќе се пријави во затвор.

Тој на прашањето дали можеби поднел барање за привремено да ја отслужи казната, рече дека немало такво нешто.

Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел, вели Кичеец во СМС порака.

Судија за извршување санкции одлучи дванаесети октомври, денеска, да биде неговиот термин за сам да се јави во затворското оделение во Шутка. Ова беше одлучено откако Апелација ја потврди неговата казна затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.