Зоран Милески Кичеец призна вина, Бојан Јовановски не, а Катица Јанева не призна ни тронка вина.

Денеска на судењето „Рекет“, тројцата обвинети беа прашани дали ги признаваат делата и дали се чувствуваат виновни, на тоа Боки 13 рече дека не чувствува вина, Јанева дека нема ни тронка вина, а пак на изненадување на сите Кичеец потврди дека се чувствува виновен и го призна делото.

На тоа судијката објасни дека за него постапката ќе биде издвоена, по што тој ја напушти судницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.