Во долгото писмо кое Бојан Јовановски – Боки 13 му го испраќа на веќе поранешниот премиер Зоран Заев, открива, како што вели, „несоборливи и ноторни факти“ за нивната комуникација, бизниси, политички и судски далавери. Не дека јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе, му вели меѓудругото Јовановски на Заев.

Меѓу сите скандали кои Јовановски ги открива, пишува и за работата на Зоран Милески Кичеец.

Одговорете дали Зоран Милевски ви беше човек од доверба, на кој му поверувавте извршни задачи од удбашко/криминален карактер?! Со лицето Зоран Милевски Кичевскиот имавте исто така средби во премиерскиот кабинет, па така ви ја носеше и Ана Камчева, други обвинети во предметот ИМПЕРИЈА, разно разни самонаречени инвеститори од земјава и странство, дилери на наркотични средства… Знаете ли Зоране Заев дека истиот тој ваш омилен извршител ве снимал цело време и вас, па така да ве потсетам дека јас во тоа време со дотичниот бев во многу блиска релација па ме информираше за сите негови активности и задачи кои ги извршуваше за вас. Горделиво зборуваше за вас, но сепак и вас ве снимаше! Неколку примери ќе издвојам за вашите релации и комбинации со Кичевскиот! Местењето на изборните резултати за претседателските избори кога едвај победи Пендаровски за охридскиот регион одеше се преку вашиот омилен Зоран Милевски Кичевскиот. Покрај претседателските избори имаше и локални избори во Охрид па така градоначалник бидна тој некој Константин. Повторно по макотрпна работа на Кичевскиот и манипулирање со група гласачи египјани. Па вие лично го испративте Киевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.