За време на завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинетиот Бојан Јовановски се осврна и на Зоран Милевски Кичеец, кого го нарече сведок-провокатор, кој сега е на слобода.

Кичеец е пуштен на слобода со политички договор бидејќи идат избори. Сега тој е на слобода, а јас вака облечен во бело како Тито сум во притвор, рече Боки.

Тој покажа и фотографии на Милевски за кои тврди дека се нови и во кои тој тврди дека е во друштво на некои директори.

Јас сум артист и морам вака да ги давам завршните зборови, рече Јовановски на забелешката на судијката да не се врти кон новинарите кога зборува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.