После тоа што ѝ го направи на твојата земја се сликаш со него, реагира професорот на Лондонската школа за економија Џејмс Кер-Линдзи на фотографијата од претседателите Стево Пендаровски и Емануел Макрон.

Според Кер-Линдзи, кој воедно е експерт за Балканот и силен лобист за македонските преговори со ЕУ, Пендаровски не постапил дипломатски со оваа средба, туку се самопонижил.

Сериозно? После тоа што ѝ го направи тоа на твојата земја? Доаѓаш на негов настан, па дури и позираш за фотографија. Има нешто што е дипломатија. И има нешто што се вика „да се биде понижен“. Можеби било подобро да најдеш учтиво извинување и годинава да не се појавиш, м?, пишува Кер-Линдзи.

Професорот смета со штетната средба Пендаровски упатил порака дека нема негативни последици за Макрон по блокадата за ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.