Од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија чекаат повик од Владата за да се изнајде заедничко решение околу кризата која настана со немањето бел и полубел леб, откако беше донесена одлука за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

Се уште очекуваме Владата да не повика за да изнајдеме заедничко решение кое ќе биде за доброто на сите, како на компаниите, така и за граѓаните. Загубите се огромни со таквата одлука каде се ограничува цената на лебот. Треба да се изнајде еден леб кој ќе биде со одредена грамажа, тој ќе биде социјална категорија и ќе се продава несечен и во хартија. За да може да се запази тој социјален аспект за населението и да го има тој леб како варијанта на најевтин леб на пазарот и да се ослободат другите лебови за да можат компаниите да функционираат, изјави за телевизија Телма, Горан Малишиќ претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

За тоа дали до 31 мај ќе нема бел и полубел леб, затоа што до тогаш трае замрзнатата цена што ја донесе Владата, Малишиќ вели дека членството треба да донесе поинаква одлука и тој да ја соопшти во јавноста.

Одлуките се менуваат во ден. Членството може да се собере во секој момент, секогаш да донесе одлука како што мисли. Јас ова не можам да го одговорам додека членството не даде одговор, рече тој.

Малишиќ додаде дека досега одлуката на Групацијата не е променета и тие нема да испорачуваат леб и утре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.