Ганка Цветанова, професорка и поранешна министерка култура на земјава во Владата на Љупчо Георгиевски, вчера се огласи преку Твитер со индиректна порака до министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Кажете и на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, потпишан во 2002 година, од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси.

За програмата и работата на бугарскиот културен центар и колку истиот успеал да им ја претстави и доближи бугарската култура на македонските граѓани, одговорноста во целост ја сноси бугарската дипломатија и надворешната политика“, напиша Ганка Цветанова.

Ова следува откако бугарската шефица на дипломатијата изјави дека Бугарија не може да се меша во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар во земјава, но исто така сакаат да имаат и бугарски културен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.