Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, по една недела во која таа не беше достапна за јавноста, денеска се појави на прес-конференција на која се огради и негираше нејзина поврзаност со случајот „Рекет“ за кој беа привидени Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.

Таа не даде одговор на повеќе прашања кои се во интерес на јавноста како што се: Дали оставката која ја поднесе е поради случајот „Рекет“, Зошто нејзиниот син лажеше кога кажа дека вториот телефон е загубен во Белград, а истиот со избришани податоци беше беше пронајден вчера, Дали е точно дека ветувала олеснување на постапките за осомничени во случаите на СЈО како што се шпекулира во јавноста…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.