Катица што кажува не е битно. Сигурно нема да прифати вина. И јас, а верувам и вие така би постапиле. Битно е што кажува на спикерфонот во моментот кога се бројат парите. Онаа снимка за која зборува Вилма. ”Оштетениот” толку е итар што нема сигурно да ги даде парите, ако нема гаранција од другата страна на телефонот, пишува поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Томе Милошевски на својот Фејсбук профил.

Битно е дека безсрамно лажеше дека го изгубила мобилниот телефон, битно е дека навистина ги ослободи од притвор сите инволвирани во ”Империја” и им ги врати патните исправи, како што посакуваа двајцата притворени. А сето тоа таа не го направи од љубов спрема Боки 13.

Тврдам дека ”пријавителот” на случајот ”Рекет” не е способен сам да снима разговори и средби. Тоа го направиле искусни луѓе, професионалци од безбедносните структури од една соседна земја. Да не заборавивте дека тие го ”обезбедуваа” пријавителот на случајот ”Рекет”. Тие паралелно работеле и други оперативно-технички работи. Така што допрва ќе гледаме и слушаме снимки со разговори, слики и други инволвирани во случајот ”Рекет”. А тие се во рацете на пријавителот. Тој ја води играта. Кај него се коцките. Сето ова е многу поголемо од Катица, завршува Милошевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.