Катица Јанева во вторник ќе дава исказ за истрагата Рекет во својство на сведок. Информацијата за Сител ја потврдиЛЕ ОДОбвинителството за гонење на организиран криминал од каде потенцираат дека во оваа фаза од истрагата се осомничени само две лица.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во моментов води истрага во која се осомничени две лица. Сите останати кои се повикуваат на распит вклучувајќи ги и специјалните обвинители, се повикуваат во својство на сведоци. Обвинителството не ја исклучува можноста по овие распити истрагата да биде проширена против повеќе лица, а јавноста ќе биде навремено информирана, потврдуваат од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.