Не е лесно човек да биде на местото и улогата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Улога во циркусот наречен СЈО која ја игра во изминатите години и со која чекори на граници од скап аматеризам и неуверлив актерски капацитет, па се до политичка експозитура на владини политички интереси…
Се чини дека сценариото кое го реализира во своето работење веќе го прочитаа и малите дечиња во оваа држава.
Од една страна обвинувања за скриена амнестија, од друга страна уценета и прогонувана опозиција.-Вистински циркус!
И сакале не-сакале како граѓани ќе мора да се смееме.
Дали на овој начин на мала врата и на мускули се подготвува нов шатор за “Ката и Фата”?
Власта преку досегашните главни кловнови во циркусот кој ги чинеше граѓаните околу 20-тина милиони евра, под завесата на некаков криминал скоро половина декада се обидува да ја разнебити и укине најголемата опозициска партија во државата.
Веќе стана општо-прифатено мислење помеѓу граѓаните дека т.н. СЈО е своевидна маша за политичка пресметка на актуелните власти со ВМРО-ДПМНЕ.
Дали и покрај сите овие години на прогон и притисоци исклучиво врз членови и симпатизери на опозицијата од страна на СЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе дозволи повторно противуставна паралелна институција на јавното обвинителство во Македонија?
И тоа како политичка партија на која граѓаните и’ дадоа најголема поддршка на минатите избори.
Несомнени се заложбите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој капацитет да придонесе во процесот кон заздравување на правниот поредок кој е разурнат во државата. И токму во таа насока се инсистирањата од ВМРО-ДПМНЕ тоа да биде направено во рамки на Уставот, но и позитивните европски стандарди во оваа сфера, а никако под притисок и уцени на добро познатиот т.н. “Балкански начин”, кој што некои европски експерти милуваат да го наречат.
Впрочем ваквите заложби на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на државата во континуитет го препознаваат и на последните анкети на јавното мислење на оваа партија и’ даваат повторно најголема доверба.
На другата страна во кампусот на власта повеќе од сигурно е дека Зоран Заев нема да се откаже од циркусот на “Ката и Фата”, од каде успеаа меѓусебно по фамилијарна и пријателска линија да си поделат повеќе од 15 милиони евра народни пари на граѓаните, на обвинители, истражители, телохранители, возачи, курири и сл. за нецели 5 години.
И на сето тоа се додава фактот дека кон граѓаните не испорачаа ништо конкретно како резултат од нивната работа, освен на неколкуте ПР претстави со многу лош кастинг и реализација, потребни единствено за дегокусирање и замајување на јавноста од вистинските глупости и афери кои ги прави актуелната власт.
Дел од колумната на Дедо Ѓорѓија за порталот „Брегалнички“, целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.