По 11 дена откако ја најави, шефицата не ја испратила оставката до Советот на обвинители кој треба да ја верификува. Јанева даде услов дека ќе го напушти СЈО кога ќе изберат нејзин наследник, што најверојатно ќе се поклопи со терминот кога всушност и истекува мандатот 15 септември, објави телевизија 24.мк. Патем порача и дека се повлекува за да не влијае на истрагата Рекет. Ова прашање е реторичко велат невладините кои и самите се зачудени условената оставка.

Реторичко прашање е дефинитивно е ова. Оставка на два месеца пред истек на мандатот, со тоа што вие ја вршите функцијата натаму, навистина не знам како да го коментирам… Ние не бевме информирани дека не ја поднела до Советот на јавни обвинители – изјави Натали Петровска од Коалицијата за правично судење.

Граѓанските организации и порачуваат на власта да не го имитира ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски и да не носи суштински закони преку ноќ. За најновиот предлог- законот за јавно обвинителство не се консултирани велат од Блупринт групата на невладини кои ги следат судските реформи.

Не може таков закон да биде резултат на политички преговарања. Беше важно да има јавна расправа, но веќе е касно за такво нешто – изјави Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

Тие сепак не се откажуваат од идејата СЈО да си остане посебно одделение во рамки на одделот за гонење на организиран криминал.

Интегрирање а не асимилирање во насока да може да опстои . Во овој момент додека постои СЈО невозможно е да се дадат на друга надлежност  – изјави Уранија Пировска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.