Специјалната јавна обвинитека денеска во 13 часот ќе даде изјава, соопштија од Специјалното јавно обвинетелство.

Според соопштението, Јанева ќе даде изјава во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Јанева денеска првпат дојде на работа во СЈО, прекинувајќи го боледувањето на кое беше од 16 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.