Што ги поврзува Катица Јанева и Боки Јовановски познат како Боки 13, пишува меѓудругото порталот „НОВА“ осврнувајќи се на сите сомнителни потези на Специјалната јавна обвинителка која вчера поднесе оставка на функцијата.

Јанева и Боки 13 постираа заеднички фотографии на Инстаграм, а Јанева го вработи како правник и својот син, Лазар Јанев, во 1тВ- телевизијата во која Јовановски се претставуваше како сопственик, иако формално тоа е неговиот татко. Јанева се фотографираше со Боки 13 и на приватни забави – родендени и на работни состаноци и гостувања во 1ТВ. Боки 13, освен со Јанева на Инстаграм постираше фотографии и со политичари од власта, што беше јасна порака дека тој ја црпи сопствената моќ не само од телевизијата туку и од првите луѓе во владеачката гарнитура.

Пред само две недели Бојан Јовановски во интервју во неговата телевизија 1ТВ на прашањето како ги коментира објавите дека рекетирал бизнисмени одговори: „Ако со Катица Јанева сме правеле злоупотреби со клиенти досега ќе направевме партал“. Неговата последна порака во тоа интервју беше потсетување дека тој исклучиво е центарот на моќта – „еден од клучевите на Пандорината кутија е во мои раце“ – рече Јовановски.

На 9 ноември лани, додека полицијата го бараше Груевски во својот дом за да ја отслужи затворската казна за „Тенк“, Специјалното јавно обвинителство објави дека отвора нова истрага под кодното име „Империја“. Вниманието на јавноста која беше фокусирана на тоа каде е Груевски, експресно се пренасочи кон новата истрага на СЈО во која обвинителството се сомневаше на криминал тежок 10 милиони евра.

Во „Империја“ беа осомничени контроверзниот бизнисмен Јордан Орце Камчев, екс шефот на тајната служба УБК Сашо Мијалков, управителот на фирмите на Камчев -Ненад Јосифовиќ, сопственикот на Пелистерка- Цветан Панделески, мајката на Орце Камчев- Ратка Куноска Камчева, сестрата на Камчев- Христина Камчева Стојческа, и потписниците во фирмите на Камчеви- Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Основата за за истрагата- поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Токму од ноември 2018 година почнуваат и дејствијата за „трговија со влијание“ за случајот „Рекет“ што вчера го обелодени Обвинителството за гонење на организиран криминал – предмет во кој се осомничени две лица неофицијалниот сопственик на 1ТВ- Бојан Јовановски , познат како Боки 13 и Зоран Милевски, со прекар -Зоки Кичеец.

Целиот текст прочитајте го на порталот на „НОВА“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.