Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева е доставен до претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски, информираат за Пресинг ТВ од Кабинетот на Џафери.

Дали папката со докази за случајот „Рекет“ ќе се разгледува зад затворени врати или пред јавноста, одлука ќе донесе Комисијата, посочуваат од Кабинетот на Џафери.

Материјалот го добив како доверлив. Заради тоа ќе мора да се применуваат одредби за класифицирани информации. Јас немам право да одлучувам дали седницата ќе биде јавна или Извештајот за СЈО ќе се разгледува зад затворени врати. Комисијата ќе одлучи за тоа. Во текот на утрешниот ден ќе ја информирам јавноста за понатамошните чекори, вели за Пресинг Тв пратеникот Илија Димовски, претседател на Комисијата за избори и именувања.

Постапката за разрешување на Јанева започна откако Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има законски основи да биде разрешена од функцијата.

Според собранискиот Деловник откако ќе зарши расправата на Комисијата, а од која се очекува предлог за разрешување на Јанева, Џафери треба да свика пленарна седница. Конечната одлука на пратениците ќе треба на крајот да ја потврди и Советот на обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.