Две вести ја разбрануваа јавноста во Македонија денеска – првата е оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а втората е апсењето на Бојан Јовановски -Боки 13  и Зоран Милески – Кичеец за медиумски рекет на бизнисмен кој изнесувал 1.5 милиони евра. Економски Лидер повикувајќи се на извори во истрагата објави дека оставката на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милески, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство.

Според Лидер контроверзниот Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева,чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг.

Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а извори за Лидер тврделе дека Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари. Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.

Освен тоа што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години.

Понатаму лидер посочува дека токму ва е причината поради која денеска Јанева си поднесе оставка, со образложение дека тоа го прави за политичките партии да немаат проблем во преговорите за продолжување на мандатот на СЈО.

Инаку, за да му завршат работа на бизнисменот кој важи за еден од најбогатите во Македонија, Јовановски и Милевски му барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната. Договориле парите да ги добиваат на рати, а тие пред да бидат уапсени успеале да наплатат 1.5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.