Евроамбасадорот Жбогар пред завршување на неговата мисија во земјава, во интервју за „360 Степени“ даде оценка за изминатите 4 години во кои беше амбасадор во Македонија и најохрабрувачките и најразочарувачките работи на кои сведочел.

За среќа, има повеќе охрабрувачки отколку работи што разочараа. Најразочарувачкото се однесува на владеењето на правото, поточно на специјалната обвинителка Јанева и нејзината вмешаност во случајот „Рекет“. Мислам дека ова беше за нас, за мене лично, најголемо разочарување, своевиден шок и заедно со многу граѓани се почувствував предаден од личноста на која и дадовме доверба. Но, владеењето на правото не е само за… Разочараноста во делот на владеењето на правото не се однесува само на разочарувањето од специјалната обвинителка. Разочарувањето оди понатаму – како граѓаните овде го перцепираат владеењето на правото. Владеењето на правото не се само судовите, владеење на правото е да не пушите во ресторани ако тоа не е дозволено, владеење на право е да не паркирате на улица каде сакате… Тоа е разочарувачки за мене, кога ќе видам автомобили паркирани на велосипедски патеки, тоа е владеење на право и затоа би рекол дека тоа е најголемото разочарување, вели Жбогар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.