Аналитичарот Александар Пандов ја продолжува комуникацијата со притиворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Преку Фејсбук тој ѝ испраќа писма, во кои главно ја моли да се чува, да размисли и да не молчи.

Драга моја Кате. Го читав последниот статус на Груевски, во кој тој меѓудругото пишува делови од твоја тајна средба со Заев во Влада. Мене она што ми падна во очи, а како гледам и нему, е твојот одговор на Заевата „непристојна понуда“ со зборовите: „Друже Заев, ако одам јас, ќе одиш и ти“. Негова, а и општа констатација е, дека засега од кажаново нема ништо.

Ти можеш и понатаму да молчиш за вмешаноста на Заев и СДСМ во рекетирањето, но да те потсетам дека кога Рускоска почна да ве апси Боки и Зоки беа првообвинети, а ти беше трета. Еве ти си ексобвинителка, башка специјална, па подобро ги разбираш овие работи, ама мене ми е тотално нелогично второобвинетиот да е пуштен да се брани од дома, а тебе не те пушта Вилма! Што мислиш до што е работата? Несомнено неговиот адвокат Александар Новаковски е 10 класи подобар од твојана Фрчковска, ама мислам дека не е само до тоа! А не треба да ти кажувам дека друго е од дома да се браниш, друго е кога од келија те спроведуваат со лисици.

Животот Кате е тркало, во еден момент им се мочаш на глава и се изживуваш врз недолжни луѓе и нивните семејства, во друг момент си лежиш на плажа и од испотена грч ладна чаша си цицаш мохито, при што со сламката си ги вадиш лимончињата да ги доишмукаш, додека азијатка ти ја масира главата, а ти со прстињата на нозете си црташ срциња на песокот, но во трет момент човек ако нема мозок во глава и се дружи со ликови како Боки Тредичи, Шеќеринска и Заев може да заглави ко тебе! На крај на краиштата, ти и Боки сте внатре и фаќате мувла како единствено обвинети за Рекет (Ден си е во Рекет 2), а Рада и Зоки се „свети крави” и си уживаат на слобода.

П.С. Деновиве ќе се видам со Еско кафе да пијам и ќе му дадам една тегла ајвар и тегла лутеница. Те молам не претерувај со леб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.