Кој за кого, Пандов за Катица. Уште едно од низата писма до Јанева упатено јавно преку Фејсбук од Александар Пандов.

Кате кој за кого, јас за тебе. Се возам денес со велосипед низ Градски парк, преубав есенски ден. Срамежливо листопадните растенија се бојат во есенски бои, почнувајќи од жолта, портокалова до ферари црвена и сето тоа облеано со зраците на Македонското сонце. Млади парови фатени за раце ги изнеле своите кутренца на прошетка, а џагор од дечиња растрчани низ паркот од сите страни, идила. Разни птици чрчорат и го играат последниот танц на Македонското небо, пред нивното заминување во јужните краишта. Убавина и позитивна енергија од сите страни и искрено да ти кажам стварно глупо беше човек на ваков ден да не излезе надвор и да прошета!

Кате, така раздраган лаганица тргнат накај дома, поминувам покрај тениско и викам ај ќе влезам да пијам кафица, додека уште има вакво убаво сонце надвор да го зграпчам денот до крај. Не знам што ми требаше. Влегувам и што да видам, шок. На самиот влез, од лева страна, ставиле витрина со Рекети и не треба да ти пишувам дека моментално ми текна на тебе. Седнувам веќе со тешко срце, кога од сите страни ми се размафтуваат со Рекети. Ми носат кратко еспресо, во тацната наместо обично пластично лажиче за шеќер, тие па ми ставиле Рекетче. Да ти кажам ми преседна и кафе и се.

Во секој момент кога пред очи ми се појавуваше Рекет, во глава ја имав оваа слика од тебе, каде скршена, понижена, со поглед од кои се гледа дека сите битки во животот ги имаш изгубено, со наведната глава и лисици на рацете те спроведуваат кај Рускоска на испрашување. Точно е, зборот Рекет и на Ден Дончев потсеќа, но ти Кате за мене секогаш ќе останеш Рекет број еден, а Ден Рекет број 2.

Кога сме веќе кај Рекетите, морам да ти признам, другар ти Боки Тредичи, ваков бил, та педер бил, што би рекол Заев, али ете баш таков никаков, некако многу поженствено се држи од тебе, барем пред камера. Фризура, цвик, се. А и со изборот на Сашо Дуковски за адвокат, ми стои многу поспремен и решен за борба, од тебе со Фрчковска. Ти види се на што личиш, како однапред да се имаш предадено и кренато раце од сама себе. Никако, ама никако немој да дозволиш на крајот да остане дека кај вас двајца завршуваат сите пари, кога сите знаат дека половината ја земал Боки со кои те подмирувал тебе и „бардовите“ во 1ТВ, а другата половина од пленот ја давал на Заев и СДС. Катице да не биде не ти било кажано.

П.С. Си направив ФБ пејџ (Александар Пандов на кирилица) и писмава меѓу другото на нејзе ќе ти ги пишувам. Немој да заборавиш 👍 да ставиш на страната

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.